Упатство за регистрација

Што претставува вашиот Мој Телеком профил?

Мој Телеком профилот е единствен кориснички профил која ќе ви овозможи да се најавувате на Мој Телеком веб страницата, како и на мобилните и веб апликации на Македонски Телеком, каде има потреба од корисничко име.

Само регистрираните членови може да пристапат до личните, како и до ексклузивните содржини и функционалност, или да пристапат до која било услуга или содржина поврзана со услугите на Македонски Телеком за кои е потребна лична идентификација.

Како да се регистрирате?

Регистрацијата е едноставна, брза и бесплатна. Овозможена е за сите корисници на Македонски Телеком во четирите едноставни чекори. По успешно комплетирање на чекорите добивате единствен кориснички профил достапен во секое време.

Од безбедносни причини и заради заштита на вашите лични податоци, за да се регистрирате обезбедивме 2 начина на идентификација во зависност од типот на сервиси кои ги користите, па така потребно е да ги внесете точно следниве податоци:

Откако ќе бидете идентификувани како корисник, продолжете во вториот чекор во кој ќе ги внесете останатите задолжителни податоци: корисничко име и лозинка кое ќе ги користите за да пристапувате до вашиот Мој Телеком профил, како и контакт податоци  кои се потребни за комплетирање на процедурата за регистрација.

Уникатно корисничко име

Мој Телеком корисничкото име е по ваш избор, под услов истото да е се уште слободно, и е непроменливо еднаш кога ќе биде избрано. Вашето корисничко име за најава на Мој Телеком повеќе нема да биде поврзано со вашето MaxADSL корисничко име. Доколку сте постоен корисник на Мој Телеком, можете да го задржите постојното корисничко име, користено за пристап до податоците и услугите на Мој Телеком претходно, но потребно е при регистрација да го потврдите.

Критериуми за креирање лозинка

Минимален критериум кој треба да биде задоволен при креирање на вашата лозинка е да содржи најмалку 7 карактери. За поголема безбедност на вашите податоци препорачуваме да внесете лозинка со повеќе од 7 знаци со комбинација на мали и големи букви и специјални симболи, како и да не користите термини кои лесно можат да се претпостават (редоследни броеви, име, презиме или датум на раѓање).

Доколку сите податоци се коректно пополнети, во третиот чекор ќе добиете е-порака на контакт е-адресата која ќе ја назначите. Е-пораката вклучува безбедносен линк кој е само за една употреба и е задолжителен за успешно комплетирање на процесот на регистрација. По кликање на безбедносниот линк процесот на регистрација се смета за завршен, а вашиот профил е креиран.

Промена на лозинка

Во Мој профил менито изберете го линкот „Промена на лозинка“ и внесете ја старата лозинка, потоа новата и со потврда на новата лозинка, промената на постојната лозинка ќе биде извршена.

Заборавена лозинка

Доколку сте ја заборавиле лозинката, потребно е да го внесете вашето корисничко име, по што на вашата контакт е-адреса ќе ви биде пратен линк за поставување на нова лозинка.

Заборавено корисничко име

Доколку сте го заборавиле корисничкото име, потребно е да ја внесете вашата контакт е-адреса оставена при креирањето на Мој Телеком профилот, на која ќе ви биде пратена порака со вашето корисничко име.

Најавување

Откако ќе се регистрирате, при секое следно најавување потребно е да ги користите корисничкото име и лозинката избрани при регистрацијата, кои ви се потребни успешно за да ја завршите постапката на најавување.

Одјавување

Одјавувањето од веб страницата Мој Телеком се врши преку копчето „Одјави се“.

 Поволности на Мој Телеком   Поволности на Мој Телеком 
  • Контрола на трошоци
  • Е-сметки и е-плаќање
  • Активација на MaxTV ТВ пакети
  • Преглед на изнајмени MaxTV содржини
  • Закажување на снимање на MaxTV
  • Проверка на MaxADSL сообраќај
  • Дополнување на кредит на T-Mobile припејд број
       
 За корисници на телефонија   За интернет корисници 

Регистрирање со вашиот телефонски и конто број. Регистрацијата е достапна за сите корисници на телефонија, MaxADSL, Call & Surf, 2 Max и 3 Max пакети.

Регистрирај се

Регистрирање со вашето MaxADSL корисничко име и лозинка.
Регистрацијата е достапна за сите корисници на MaxADSL, Call & Surf и 3 Max пакети.

Регистрирај се